Македонија честитка за Денот на Уставот

Костадиновски: Уставниот суд бескомпромисно ќе го чува и штити Уставот

Со донесувањето на Уставот како највисок правен акт, се роди и надежта на граѓаните за подобар живот, демократска држава во која ќе владее правото.

Костадиновски: Уставниот суд бескомпромисно ќе го чува и штити Уставот

„Денеска се одбележуваат 33 години од донесувањето на првиот Устав и по тој повод дозолете ми во мое лично име и во име на Уставниот суд да им честитам на сите граѓани.

„Со донесувањето на Уставот во 1991 година беше редизајнирано внатрешното уредување на системот и неговите институции и овој Устав го рефлектираше стремежот на тогашната генерација за слободна, суверена и самостојна Република“-соопшти д-р Дарко Костадиновски, претседател на Устевен Суд.

Со донесувањето на Уставот како највисок правен акт, се роди и надежта на граѓаните за подобар живот, демократска држава во која ќе владее правото.

Овој ден, 17 ноември нека биде потсетник на обврската на нашата генерација, на секој еден од нас да не ги изневери наследените надежи и да придонесува во градењето на правната држава, да се сочува системот на вредности кој е вграден во Уставот.

Сите ние имаме должност доследно да го применуваме и најважно, да му бидеме лојални на Уставот.

Денеска, упатувам апел до секој еден од нас дека силата на Уставот произлегува од одлучноста на секој граѓанин да застане зад него и да го брани.

Денешниот ден нека биде уште една потврда за граѓаните, да бидат сигурни дека Уставниот суд бескомпромисно ќе го чува и штити Уставот со сите негови вредности, ќе ја брани слободата, демократијата и правната држава.

Честит 17 ноември, Денот на нашиот Устав!“, – потенцира д-р Дарко Костадиновски.

Најнови вести од Македонија

To top