Пред натреварот со Фарски Острови своите очекувања ги изнесе капитенот на репрезентацијата Енис Барди
Тој нагласи дека е потребна поддршка од публиката за добар крај на натпреварувањето.
„Мотивација не ни недостига, ќе дадеме сè од себе од првата минута. Мислам дека ова ќе ни биде рекорд ако победиме, ќе биде добро за сите нас да го завршиме циклусот во Лигата на нациите со победа. Мора да бидеме паметни и трпеливи. Знаеме дека Фараните ќе се бранат цело време. Првиот натпревар во Торшавн беше знак дека не смее да се потцени ниту еден противник, научивме доста. По врзаните победи сега сме многу подобри. Нè интересираат само трите бода. Се надевам дека навивачите ќе бидат наша мотивација, да дојдат во поголем број бидејќи ни недостигаа против Летонија. Публиката е наш дванаесетти играч, сакаме полн стадион за добар крај на циклусот“, изјави Барди.
Македонија и Фарски Острови ќе играат в недела во терминот од 15:00 часот на Арената „Тодор Проески“.