„Овој буџет е единствениот зрак на надеж дека Македонија во состојбата во која ја остави СДСМ дека Македонија повторно ќе биде на развојните патеки“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски на денешната собраниска комисиска расправа за предлог буџетот за 2025 година.
Јаревски истакна дека предлог буџетот за 2025 година е препознатлив по историските 50,5 милијарди денари кои се предвидени и ќе бидат реализирани за капитални расходи.
„Овој буџет е предвидлив, зошто е предвидлив? Бидејќи ги опфаќа проектите од предизборната програма и е континуитет на реализирани ветувања. Граѓаните можат да бидат сигурни и се сигурни бидејќи оваа власт и мнозинство тоа што го ветува и го исполнува“, рече Јаревски.
Јаревски продолжи и додаде:
„Треба да расте минималната плата, платите, пензиите во 2025 година. Во самиот предлог буџет пензиите растат на 16,5%, односно 15 милијарди денари. Наредната година пензиите покрај покачувањето во март од 2,500 денари ќе добијат и дополнителни 5,000 денари во октомври. Во однос на образованието има раст од 19%, односно 9,3 милијарди денари. 7,5 милијарди денари раст од 5% за подобро здравство, со подобри услови и згрижување за пациентите, кажа Јаревски.