Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за формирање на Совет за млади, како повремено работно тело кое ќе ги разгледува и анализира прашањата поврзани со младите, младинските политики и иницијативите кои произлегуваат од потребите на младите со цел да се унапреди нивната положба во општеството.
Советот за млади, кој се формира во пресрет на 17 ноември, Меѓународниот ден на студентите, се состои од претседател и 19 члена, а во неговата работа можат да бидат поканети да земат учество и научни и стручни работници, претставници од научни образовни установи, младински и студентски здруженија, како и претставници на организациите на стопанствениците од земјата.
За претседател на Советот за млади е именувана Лина Рангелова, а за членови на советот се именувани Кети Костовска, претставник од Министерство за образование и наука, Кристина Антовска, претставник од Министерство за социјална политика, демографија и млади, Ивана Митреска, претставник од Министерство за спорт, Драгана Бојковска, координатор на Клуб за младински прашања и политики, Арта Ќерими, Александар Каратошо, Марија Крстева, Дамјан Коњановски, Филип Ивановски, Александар Николовски, Ива Трпески, Кристијан Лазарев, Дарко Трајкоски, Доан Сулејманоски, Греса Ќаил, Филип Ивковски, Елена Спасевски, Дениз Мифтари и Христијан Илиевски.