Македонија продолжи судењето

Сведокот кој ги прегледувал снимките од грабнувањето на Вања не дојде во суд- имал паничен напад

Сведокот кој ги прегледувал снимките од грабнувањето на Вања не дојде во суд- имал паничен напад

Сведокот Гоце Трајковски кој заедно со таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски ги собирале и гледале снимки по нејзиното грабнување, денеска требаше да сведочи, но не дошол во суд.

Обвинителството не успеало да го обезбеди, а неговата мајка рекла дека имал паничен напад и висок крвен притисок.

Пред судот сведочат родителите на Ѓорчевски кој е обвинет за помагање.

Инаку, во 10 часот продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

На минатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, помеѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“.

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

Најнови вести од Македонија

To top