Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ќе присуствува на состанок на високо ниво за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој (2026-2030) помеѓу ОН и Република Македонија.
Како што информираат од Владната прес-служба предвидено е премиерот Мицкоски да има обраќање на овој состанок.