Останати спортови

Луис Хамилтон во Ферари ќе биде кандидат за титула

Луис Хамилтон во Ферари ќе биде кандидат за титула

Според изјавата на шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, Британецот, Луис Хамилтон ќе се бори за шампионската титула во 2025 година.

Британскиот возач изненади со одлуката да го напушти Мерцедес и кариерата да ја продолжи во Ферари, а според Хорнер оваа преселба ќе бие предизвик за седумкратниот светски шампион.

„Сигурно дека ова ќе биде голема промена, но Ферари е во добра форма и возач како Хамилтон во нивниот болид ќе биде кандидат за титулата“, изјави Хорнер.

Формула 1 караванот ќе продолжи со трката за Големата награда на Лас Вегас која на програмата е од 20 до 22 ноември.

To top