Украинските власти издадоа предупредувања за воздушен напад за целата земја, додека шефот на кабинетот на претседателот предупреди за можен ракетен напад врз главниот град.
-Путин во моментов подготвува ракетен напад врз Киев, објави Андриј Јермак на Течеграм.
Воздухопловните сили на Украина претходно предупредија дека проектил навлегол во воздушниот простор на земјата и се движи кон главниот град.
Нападот доаѓа по еднонеделни немилосрдни напади, вклучително и оној врз родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски, во кој загинаа 32-годишна мајка и нејзините три деца.
Во текот на викендот, Москва и Киев извршија рекорден број напади со беспилотни летала во текот на ноќта.
Зеленски предупреди дека Русија подготвила сили од околу 50.000 војници, вклучително и севернокорејски борци, за протерување на украинските сили од рускиот регион Курск.