Покрај 12-те врховни апостоли, Христос испрати уште 70 други да го објавуваат спасението на сите нешта. Меѓу нив беа и овие, кои Црквата ги слави денес.
Стахиј, Амплиј и Урбан му беа соработници на свети Андреј Првоповиканиот, брат на апостол Петар.
Тројцата беа подоцна епископи. Урбан беше еископ во Македонија. Тој и Амплиј пострадаа маченички. Свети Наркис беше епископ во Атина, Апелиј во Хераклеа Тракиска.
Аристовул му беше брат на апостол Варнава и го прооведаше воскреснатиот Христос во Британија.
Таму и го заврши привремениот живот и се пресели во небесните населби на Бога Отецот и неговиот единствен син Христос.