Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски повика уште еден фудбалер кој веднаш ќе се приклучи на подготовките за натпреварите во Лигата на нации против Летонија и Фарски Острови.
На тимот ќе му се придружи и десниот бек Бојан Илиевски, кој настапува за шампионот Струга Тим Љум, а за него ова втор повик во сениорската репрезентација.