Македонското ракометен репрезентативец Цветан Кузманоски стави потпис на нов договор со Е.Пелистер на уште две сезони.
Новиот договор на Кузманоски ќе биде во важност до крајот на сезоната 2026/27. Крилниот ракометар останува верен на пелистерци и во следните две години, а тоа клубот го потврди преку социјалните мрежи.
„Македонскиот репрезентативец Цветан Кузманоски останува верен на РК Еурофарм Пелистер до 2027 година. Раководството на клубот и репрезентативното крило се договорија за продолжување на соработката и во натпреварувачките 2025/2026 и 2026/2027 година“, стои во соопштението од клубот.