Македонскиот ракометен репрезентативец и член на Еурофарм Пелистер, Цветан Кузманоски имаше успешна операција на коленото.
Неговиот клуб ја информираше јавноста дека крилото во текот на вчерашниот ден имал зафат кој минал во најдобар можен ред и дека сега го очекува долг процес на закрепнување.
„Зелено-белите“ му посакаа што побрзо да го надмине проблемот и да се врати уште посилен на терените.