Фудбал фудбал

Барселона лош меч како против Реал Сосиедад нема одиграно дури 10 години

Фудбалерите на Барселона синоќа го доживеаја вториот пораз во Ла Лига оваа сезона, откако загубија на гостувањето кај Реал Сосиедад со 1-0, а првпат оваа сезона не постигнаа ниту еден гол.

Безидејноста во нападот на најдобрата офанзива во Европа најдобро се гледа по статистиката, бидејќи „каталонците“ во текот на целиот натпревар не успеаја да упатат ниту еден удар во рамки на противничкиот гол, нешто што им се нема случено цели 10 години. Ваков катастрофален ефект последен пат имаа во 2014-тата на мечот против Малага, кога тренер на Барселона беше Луис Енрике.

Нападот на Барселона на претходните 12 натпревари од шпанската Ла Лига постигнаа вкупно 40 гола, а на четирите меча во Лигата на шампионите уште 15, што во просек би било речиси три ипол голови по натпревар.

To top