Хроника

Кривична пријава за демнење против 66-годишен неготинец

ОВР Неготино, до Основно јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Љ.Т.(66) од Неготино поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „демнење“ по член 144-а став 1 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

По преземените мерки и активности од Надворешната канцеларија за криминалистички равоти при ОВР Неготино било утврдено дека пријавениот подолг период го следел и прогонувал, се мешал во личниот и приватниот живот на 41- годишен вработен како началник во ОВР Неготино, неговата сопруга и двете малолетни деца.

Имено, пријавениот, во повеќе наврати воспоставувал и настојувал да воспостави контакти со оштетениот со движење во службените простории на ОВР Неготино и во централното градско подрачје на општина Неготино, скоро секој ден го следел неговото движење, доаѓал во ОВР Неготино, постојано го барал, а кога не го добивал го чекал пред вратата на неговата канцеларија, како и пред ОВР Неготино, постојано му ѕвонел на мобилниот телефон, снимал и објавувал видео клипови на социјални мрежи со навредливи и содржини со кои имал намера да му наштети на угледот.

Со ваквото однесување, пријавениот го сторил делото за кое е поднесена пријавата.

To top