Македонија „Користи зимска опрема“

РСБСП: Подгответе се за безбедно учество во сообраќајот во зимски услови

РСБСП апелира да користете зимска опрема и бидете внимателни и одговорни учесници во сообраќајот.

РСБСП: Подгответе се за безбедно учество во сообраќајот во зимски услови

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) секоја година реализира кампања „Користи зимска опрема“. Кампањата започнува на 15 ноември и трае до 15 март следната година, а се реализира со цел потсетување на возачите на законската обврска за задолжително носење и користење на зимска опрема за возилата во овој временски период, и нивно советување за подготовка на возилата за безбедно учество во сообраќајот во зимски услови.

-Зимската опрема за возилата подразбира:

• за лесни моторни возила:
– зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарите од 4 mm (6 mm за возила со погон на сите четири тркала) или
– летни пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарите од 4 mm (6 mm за возила со погон на сите четири тркала) и носење на синџири за снег во возилото.

• за тешки моторни возила:
– зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат (лопата).

Зимските пневматици имаат подлабока шара која овозможува лесно истиснување на водата и снегот и се изготвени од материјал кој е флексибилен и во услови на ниски температури. Обезбедуваат стабилен контакт со подлогата и стабилно управување и запирање на возилото при зимски услови на патот. Зимските пневматици странично имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Комбинацијата, односно истовремената употреба на зимски и летни пневматици е исклучително опасна бидејќи го нарушува управувањето со возилото, особено траекторијата на движење и запирање на возилото.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира да користете зимска опрема и бидете внимателни и одговорни учесници во сообраќајот.

Најнови вести од Македонија

To top