Свет Старо - нов претседател

Трамп со низа поволности и 6 пати повисока плата од просечната во САД

Бесплатно ќе живее во Белата куќа.

Трамп со низа поволности и 6 пати повисока плата од просечната во САД

Доналд Трамп, кој по вторпат е избран за претседател на САД ќе има годишна плата од 400.000 долари.

Освен тоа, тој ќе има на располагање и 50.000 долари за трошоци, а ќе има и бројни други привилегии. Бесплатно ќе живее во Белата куќа, нема да плаќа за персонал, лимузини и други превозни средства.

Кога пак ќе се пензионира, до крајот на животот има право на годишна пензија од 240.000 долари.

Платата на претседателот е за шест пати повисока од просечната плата во земјата.

To top