Ракомет РФС

Поранешниот Вардарец Абутовиќ ја заврши репрезентативната кариера

Абутовиќ има 36 години, а за српската репрезентација одигра 55 натпревари и постигна 22 гола.

Поранешниот Вардарец Абутовиќ ја заврши репрезентативната кариера

Српскиот ракометар Илија Абутовиќ ја заврши репрезентативната кариера, соопшти Рaкометната федерација на Србија.

Во соопштението се наведува дека актуелниот член на Пелистер и поранешен ракометар на скопски Врадар, во кој помина 7 години, се простил од репрезентацијата на Србија пред почетокот на натпреварот од првото коло од квалификациите за ЕП 2026 против Летонија (38:25).

Абутовиќ има 36 години, а за српската репрезентација одигра 55 натпревари и постигна 22 гола.

To top