Скопје по случајот на птичји грип

Зоо Скопје се отвора во сабота

Зоолошката градина беше затворена за посетители на 21 ден откако беше потврден случај на птичји грип кај гуска која долетала во Зоо Скопје.

Зоо Скопје се отвора во сабота

Скопската Зоолошка градина во сабота повторно ќе почне со работа.

-Ве известуваме дека од оваа сабота (09.11.2024) Зоолошка градина на град Скопје повторно ќе биде отворена за посетители со редовно работно време од 09:00-17:00 секој ден. Да уживаме заедно во убавите есенски и сончеви денови, ве очекуваме, објавија на фејсбук од Зоо Скопје.

Зоолошката градина беше затворена за посетители на 21 ден откако беше потврден случај на птичји грип кај гуска која долетала во Зоо Скопје.

„Од страна на надлежен официјален ветеринар спроведен е надзор во Зоолошката градина и наредени се мерки за надзор на болеста. Извршено е хумано убивање и нештетно отстранување на следните видови птици: 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка, која била присутна на локацијата“, соопштија тогаш од АХВ.

Негативни на птичји грип беа вработените во Зоо Скопје, како и една посетителка која се пријавила за тестирање.

To top