Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска ќе оствари работна посета на НУ Кинотека на Македонија, која е единствена национална институција за заштита на аудиовизуелното културно наследство.
Како што соопштија од Министерството, посетата на Љутков е во рамките на агендата за посета на институциите од областа на културата. (МИА)