Италијанските медиуми пишуваат дека тренерот на Рома, Иван Јуриќ, наскоро ќе добие отказ од управата и „волчицата“ веќе е во потрага по нов стратег за клупата.
Хрватот не ги бележи посакуваните резултати, а неодамна влезе и во конфликт со неколку играчи, по што челните лица решиле дека е време за промени.
Се споменуваат неколку имиња кои би можеле да го наследат Јуриќ, а во игра е и враќање на Даниеле Де Роси, кој одново би ја имал улогата на „спасител“ до крајот на сезоната.