Македонија ЈПДП

Трајановски: Направивме рехабилитација на дотраениот коловоз на регионалниот пат Р1302 Пехчево-Берово

Здружено ЈПДП заедно со ЈП Македонијапат успешно завршивме уште една инвестиција со вредност од 30 милиони денари, објави Коце Трајановски.

Трајановски: Направивме рехабилитација на дотраениот коловоз на регионалниот пат Р1302 Пехчево-Берово

-Кога ќе се здружат силите и тимовите тогаш реализацијата на проектите е брза и ефикасна. Здружено ЈПДП заедно со ЈП Македонијапат успешно завршивме уште една инвестиција со вредност од 30 милиони денари, објави директор на Јавно претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.

-Средствата ги обезбедивме од буџетот на ЈПДП, а екипите на ЈП Македонијапат направија рехабилитација на дотраениот коловоз на регионалниот пат Р1302 Пехчево-Берово во должина од 3000 метри и ширина од 6,5 метри (излез од Пехчево кон с.Чифлик), потенцираше во објавата на својот фејсбук профил.

Најнови вести од Македонија

To top