Познати

Ѓоковиќ формирал бенд: Свирките ни траат со часови

Ѓоковиќ формирал бенд: Свирките ни траат со часови

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со своите деца Тара и Стефан формираше вистински мал музички бенд, а како што еднаш кажа, нивните концерти траат со часови.

Новак го користи секој слободен момент да биде со своите наследници, па на секое патување што го одат како семејство, носат и музички инструменти.

– Ноле вежба со децата речиси секој ден. Сите кои имале можност да ги слушнат се воодушевени од нивниот талент. Нивниот опус е многу шарен. Тој верува дека овој нивен бенд е посебен за него и дека му донел среќа на некои турнеи, каде одел со своите деца, па после тренингот свиреле извесно време заедно. Кога сите одат на семејно патување, музичките инструменти се еден од нивните први предмети кои се пакуваат. Без саксофон, виолина и гитара не се оди никаде. Веројатно, кога ќе бидат целосно задоволни од тоа како звучат, Новак и Јелена ќе снимат нешто и ќе го објават на своите социјални мрежи, за неговите обожаватели да слушнат се на што напорно работеа претходните месеци – вели соговорникот.

„Мојот мал бенд беше одговорен за мојата победа“

Инаку, самиот Ѓоковиќ неодамна изјави дека сирењето со деца му е омилен дел од денот или патувањето.

– Тара свири виолина, Стефан сака да свири гитара, а јас свирам саксофон. Понекогаш нашите свирки траат со часови, а тоа ми е омилен дел од денот или патувањето. Да, признавам – носиме инструменти со нас на патувања. Можеби мојот мал бенд беше заслужен за мојата победа на УС Опен и 24. Грен слем што го освоив – изјави тенисерот за Вог.

To top