Македонија МЗШВ

14 МИЛИОНИ ЕВРА: Објавен Јавниот повик за мерка 7 од ИПАРД програмата

Крајниот рок за поднесување на барањата е 20 декември 2024 година.

14 МИЛИОНИ ЕВРА: Објавен Јавниот повик за мерка 7 од ИПАРД програмата

Заложбите за земјоделците продолжуваат со користење на средства од ЕУ фондовите, со што Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави Јавен повик бр. 02/2024 за доставување на барања за финансиска поддршка за мерка 7 од ИПАРД Програмата 2021-2027.

Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик за мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ 14.000.000,00 евра односно 862.890.000,00 денари.

-Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно ИПАРД Програмата 2021-2027 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Македонија.

Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од:

3.1. 60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка Диверзификација на фарми и развој на бизниси.

Процентот се зголемува до 70% за инвестиции предложени од млади земјоделци и/или сертифицирани органски производители и за колективни инвестиции.

Процентот на кофинансирање може да се зголеми за дополнителни 10% за инвестиции поврзани со управување со отпад, обновлива енергија и инвестиции од типот на циркуларна економија.

Највисокото кумулативно/комбинирано ниво на поддршка не смее да надминува 75%, информираат од МЗШВ.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 20 декември 2024 година.

To top