Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Сериозни сме во намерата да го зголемиме стандардот, предлозите на СДС се несериозни, нема резултати од нивните економски политики

Ние сме многу сериозни во намерата да го зголемиме стандардот, и не само преку намалување на инфлацијата, покачување на пензиите и платите, и помошта на приватното стопанство, туку и директна борба со овие појави кои што се особено негативни“, заклучи Стојаноски.

Стојаноски: Сериозни сме во намерата да го зголемиме стандардот, предлозите на СДС се несериозни, нема резултати од нивните економски политики

Во емисијата „24 анализа“ на телевизија 24, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски се осврна на актуелните мерки за есенската потрошувачка кошничка, како и на предлогот на СДСМ за укинување на 5% ДДВ на околу 250 прехранбени производи. Стојановски истакна дека овој предлог не е доволно сериозен.

„На такви несериозни изјави од СДС треба веднаш и неодложно да се стави крај и затоа брзо треба да се пресретнат тие изјави, од причина што на прес-конференцијата до Венко Филипче стоеја двајцата креатори на економската политика во претходниот мандат, господинот Битиќи и Ковачевски, кој им донесе 18 пратеници и ништо од тоа што го смислија не дава резултати. Сега имаме нова реалност да се поднесуваат такви закони“, рече Стојаноски.

Стојаноски приложи и документи како ексклузивна информација до Телевизија 24.

„На Комисијата за избори и менувања е избран новиот состав на Комисијата за заштита на конкуренцијата и таа, како надлежен орган, веднаш ќе почне со следење на Законот за нефер трговски практики за да може тој да биде спроведен и да имаме одредено олеснување, односно поефтинување на цените“, истакна Стојаноски.

Стојаноски потенцираше дека актуелните мерки, иако се различни од претходните, носат позитивни резултати, при што посочи дека храната во последниот месец е поевтина за 965 денари.

„Ние ќе продолжиме со ваквиот тип на мерки кои се суштински различни од претходните. Ние сме многу сериозни во намерата да го зголемиме стандардот, и не само преку намалување на инфлацијата, покачување на пензиите и платите, и помошта на приватното стопанство, туку и директна борба со овие појави кои што се особено негативни“, заклучи Стојаноски.

To top