Македонија

Ахмети: Ако изгубам на избори, ќе се повлечам од политиката

Ахмети: Ако изгубам на избори, ќе се повлечам од политиката

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети од вечерашната средба со граѓаните во Куманово нагласи дека доколку загуби на изборите ќе се повлече од политиката.

Ова изјава на Ахмети доаѓа неколку дена откако Коалицијата „Влен“ му порача дека ако тој навистина сака предвремени парламентарни избори, да депонира писмена гаранција дека кога ќе загуби, ќе си замине од политиката.

-Слушнав, бараат да потпишам кај нотар дека доколку со еден глас ги загубам изборите, нема да бидам дел од власта. Четврт век велам, ако ги изгубам изборите, се враќам дома, рече Ахмети.

To top