Нов извештај – стара болка. Европската комисија пред неколку дена го достави Извештајот за напредокот на земјава, а во него повторно може да се прочитаат нам веќе добро познатите слабости.
Борбата со корупцијата и нереформираното судство се едни од главините гранки кои добија лоши оценки од ЕК.
Имено, ваков извештај на ЕК не е ништо ново за Македонија, сведоци сме како изминатите неколку години македонското судство добива 2 проциенти доверба, ако тоа може да се смета за доверба, а борбата со корупцијата речиси и да ја нема, па сега тоа го добивме и писмено од Европската комисија.
Единствен новитет во целата прикаска е тоа што за првпат од стартот на добивање вакви извештаи или оценки од ЕК, пропагандната машинерија на СДСМ го злоупотребува како пропагандна алатка за несупехот на актуелната влада. Проблемот е што Извештајот или барем 90-95 насто од негбо, се однесува токму на лошиот учинок и не/работата на владата на ДУИ и СДСМ. Оценките, најчесто лоши, се оцена на работата на премиерот Ковачевски, кој не бадијала се збогува со оваа функција. Дел од причините лежат токму во лошите оценки на ЕК, особено за Кривичниот законик, владеењето на правото, високото ниво на корупција и лошата борба со неа.
Арно ама, тоа не ги спречува агипроп ликчињата од Бихаќка секојдневно да ја бомбардираат јавноста со негативни делови од Извештајот. А, всушност, го каљаат сопствениот стопан, т.е. СДСМ.
Народот македонски на ова, кратко и јасно би рекол „Со свои камења по глава.
Најгорлив проблем во Извештајот за Македонија се реформите во правосудниот систем:
Во врска со правосудството, во извештајот се констатира дека земјата е „помеѓу одредено и умерено ниво на подготовка“ за примена на правото на ЕУ и на европските стандарди во оваа област и дека генерално остварила ограничен напредок во зајакнувањето на судската независност и подобрување на правната рамка за заштита на основните права.
Слободно може да констатираме дека ова дури се и преблаги оценки ако во предвид го земеме мислењето на граѓаните кои имаат едвај 2 проценти доверба. Она што во овој момент може да се направи е да се имплементираат оние 40 препораки дадени од оценската мисија на ЕУ во делот на реформите во судството.
Ништо подобро не е ни борбата со корупцијата која исто така има лоши оценки во Извештајот на ЕК:
Во извештајот на ЕК се констатира дека не е постигнат доволен напредок во борбата против корупцијата и дека оваа негативна општествена појава и натаму останува широко распространета.
Како за судството така и за оваа оценка ќе си дозволиме да констатираме дека истите се преблаги, а тоа го темелиме врз фактот на реалниот опсег на корупцијата во нашето општество.
Став побаравме од поранешниот пратеник во македонското собрание и добар познавач на оваа материја, Илија Димовски.
Значи Извештајот на ЕК се однесува на состојбите во државата и државата ја набљудува од аспект на функционалност на институции, не од аспект на политички партии и се однесува на период кој што доминантно, можеби повеќе од 90-95 проценти е од владение на претходната влада, но не треба да влеземе во таа замка, да дебатираме околку тие прашања, поради тоа што политичкиот легитимитет кој го доби оваа влада е базиран на истите критики кој ги има и во Извештајот на ЕК. Од тој аспект е чиста ситуацијата каде е одговорноста, ако воопшто има потреба да се бара одговорност, бидејќи сите помалку сме одговорни. Она што е битно Извештајот да биде искористен како водилка од аспект што ни се задачите во иднина. Таму има во сите области, посебно во делот на функционалност на институции, антикорупција, судство, тука има сериозни критики, мислам дека владата и државата, генерално и собранието, тука треба да се движат по прецизно утврден редослед, но брзо и ефикасно, вели во изјава за Курир, поранешниот пратеник Илија Димовски.
Димовски смета дека повеќе не ни се потребни дебати политички и филозовски кои ќе ги оформуваат нашите стратешки правци.
Оттука се поставува прашањето, чуму актуелната опозицја СДСМ и ДУИ овој Извештај на Европската комисија сака да го преше на актуелната влада, која патем е само четири месеци на власт?!
Но вакви негативни оценки Македонија не добива прв пат, довербата или недовербата во судството не е од вчера, борбата со корупцијата, нетранспарентноста на институциите и ред други нерегуларности, нашата држава добива изминатите неколку години.
Актуелната пратеничка во македонското собрание, Марија Петрушевска, во телефонска изјава за Курир вели дека:
Извешајот на ЕК се однесува за периодот од септември 2023 до септември 2024 година, она што е значејно за извештаите на ЕК е токму дека овие извештаи го покриваат целиот овој период и прават еден вид на оценка во текот на целата година за состојбите кои што се значајни за земјата и за нејзиниот евроинтегративен напредок. Оттука кога разговараме за одговорноста мора секогаш да бидеме претпазливи, ќе се сетите во изјавите на премиерот дека кажа, дека за нас е многу едноставно да говориме од оваа перспектива, за тоа дали треба да има одговорност на извештајот таму каде што има мал напредок или пак за одредени активности кои можеби можеле да се подобрат но не се направиле, но ние како одговорна влада пристапуваме многу одговорно во однос на извештајот кој за нас е многу сериозен документ кој што треба да не води во наредната година во делот на реформите, истакна Петрушевска.
Таа потенцираше дека овој извештај ја дава реалната состојба во државата и како идната влада на ВМРО-ДПМНЕ треба да продолжи со реформите во државата.
Петрушевска е децидна дека според овој извештај најнегативни оценки добија судските реформи и борбата со корупцијата.
Оттука се дадени јасни препораки како да се продолжи понатаму, охрабувачки е тонот каде што ги препознаваат чекорите на новата влада во однос на потребата од реформи и зајкнување на самите институции каде што се борат со корупцијата и криминалот, во однос на конечно ипорачување на видливи резултати, кои ќе придонесат на поквалитетен живот на граѓаните, вели Петрушевска.
Таа додава дека не знае зошто претходната влада не преземала соодветни мерки околу подобрување во овие сектори, знаејќи дека тоа ќе биде забележано и од Европската комисија.