Република 4-ти Ноември

Во Битола се слават 80 години од ослободувањето на градот

Денот кога пред 80 години градот беше ослободен од фашистичкиот окупатор.

Во Битола се слават 80 години од ослободувањето на градот

Во Битола денеска се слави 4-ти Ноември, денот кога пред 80 години градот беше ослободен од фашистичкиот окупатор.

Како што е познато, на денешен ден во 1944 година, борците на 49-тата дивизија на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија во чии состав биле и борците на Седмата битолска бригада, победоносно марширале низ Битола, откако го ослободиле градот од окупаторот. За време на Втората светска војна, околу 270 борци од Битола и Битолско ги положиле животите за слободата на градот и според востановената традиција, претпладнево на Партизанските гробишта ќе биде положено цвеќе.

Празничната програма организирана од Општина Битола е во тек, синоќа се одржа традиционалната ноќна атлетска трка, а вечер во големата сала на НУ Центар за култура ќе се одржи свечена академија на која ќе бидат доделени годишните општински признанија, како и наградата за животно дело која годинава му припадна на доајенот на македонското глумиште, актерот Борис Чоревски.

Вечер во изложбениот салон на Офицерски дом ќе биде отворена изложба „Битола – слободна“ чиј организатор е битолскиот Архив, а празнични манифестации ќе бидат одржани и во наредните денови.

To top