Штип низ градот ќе поставува нови хидранти. Овој проект ќе се реализира во наредниот период, а како што информираа од кабинетот на градоначалникот на Општина Штип денеска во просториите на Општината беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Фондација за развој на локална заедница Штип, ЈП „Исар“- Штип, Здружението Ротари клуб – Штип, Општина Штип и Здружение – волонтерско противпожарно и спасително друштво.
-Целта на потпишувањето на меморандумот е во прва фаза да се постават максимум пет хидранти на територија на Општина Штип кој ќе бидат на располагање на ТППЕ – Штип ,ЈП Исар и Волонтерското противпожарно здружение, се вели во соопштението од кабинетот на градоначалникот на Општина Штип.
Висината на реализацијата за поставување на хидраните е околу 700.000 илјади денари обезебедени од Фондација за развој на локалната заедница и Ротари Клуб-Штип.