Македонија Министерство за правда

Филков оствраи средба со претставници на УПОЗ

Се разговараше за прашања поврзани со колективниот договор, платите , статусот на вработените како и подготовката на законските решенија.

Филков оствраи средба со претставници на УПОЗ

Министерот за правда Игор Филков оствари работна средба со претставници на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), предводени од претседателот Трпе Деаноски.

Се разговараше за прашања поврзани со колективниот договор, платите, статусот на вработените како и подготовката на законските решенија.

Изразена е благодарност на Министерството за правда за отпочнување на процесот на изработка на нов Закон за судска служба. Новото законско решение има за цел да ја унапреди постојната регулатива, обезбедувајќи подобри услови за работа и правата на вработените во судскиот систем.

Претставниците на УПОЗ го информираа министерот со сите отворени прашања кои се од голема важност , и од нивна страна беше побарана поддршка и заложба за нивно решавање со цел унапредување на работните услови и зајакнување на правата на вработените во правосудниот систем.

Најнови вести од Македонија

To top