На 31.10.2024 во 17.36 часот, во СВР Охрид е пријавено дека била опожарена езерска трска во водите на Охридското езеро, во близина на охридското село Пештани.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
Увид на местото извршија полициски екипи и се преземаат мерки за расветлување на настанот.