Македонија

Андоновски: Немаме податоци зашто нема механизам за известување за случаи на сајбер-напади

Државата нема анализа за сајбер-напади и за проценети ризици и подложност на институциите. Нема податоци зашто не постои механизам за известување за вакви случаи.

-Наследивме една тешка состојба во којашто најголемиот проблем е што недостигаат такви информации. Токму таков тип на анализи предвидуваме со алатката за мониторинг на инциденти и на закани којашто не само што ќе анализира колку се случува, туку и да знаеме од кој калибар се, од кое ниво се затоа што закани и инциденти има постојано. Некои се од грешка на вработени поради ниско ниво на сајбер хигиена, некои се поради кликнување погрешен линк којшто им бил пратен – оние фишинг напади, трети се големи напади коишто се случуваат тенденциозно, намерно кон институцијата, така што се уште немаме податоци затоа што нема механизам за известување за случаи, рече министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција посветена на донесување на Националната стратегија за сајбер-безбедност 2024-2028.

Очекува дека со донесувањето на стратегијата ќе имаме, како што рече, точни задолженија на секоја институција да пријави кога ќе и се случи каков било инцидент и тие да се следат во реално време.

Најнови вести од Македонија

To top