Американските конгресмени од Демократската партија соопштија дека ќе ја признаат евентуалната победа на републиканскиот кандидат Доналд Трамп, објави порталот Политико.
Тие истакнаа дека сакаат трансфер на власта без драма, без оглед на ставовите на некои конгресмени дека Трамп не е подобен да се врати на претседателската функција поради уставната забрана, имено 14-тиот амандман, со кој се забранува кој било федерален функционер кој „учествувал“ во бунт повторно да биде на функцијата.
Демократите со години го нарекуваа Трамп „бунтовник“ и бараа негово отповикување по 6 јануари 2021 година поради поттикнување насилство и сугерираа дека Уставот му забранува да се врати во Белата куќа.
Врховниот суд на САД во март издаде мислење во март во кое навести дека Конгресот мора да донесе закон со кој би се утврдило дали сегашен или поранешен функционер ја прекршил клаузулата за бунт.