Македонија Монтреал

Муцунски: Неопходно е да се изградат механизми за безбедно враќање на украинските цивили и депортираните деца и да се потврдат заеднички вредности на сочувство, солидарност и издржливост

„Нашето учество и посветеност денеска ќе испратат силна порака за тоа како можеме да работиме заедно не само за заштита на човековите права, туку и за да се осигураме дека секое патување кон безбедност и достоинство е почитувано и олеснето“, додаде Муцунски.

Муцунски: Неопходно е да се изградат механизми за безбедно враќање на украинските цивили и депортираните деца и да се потврдат заеднички вредности на сочувство, солидарност и издржливост

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изминатите два дена учествуваше на Министерската конференција за хуманата димензија на Формулата за мир на претседателот Зеленски од Украина, што се одржа во Монтреал, Канада. Во фокусот на конференцијата беше третманот кон политичките и воените заробеници, незаконски притворените цивили и присилно депортираните деца.

Покрај обраќањето на воведната сесија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија говореше на сесијата на тема: „Механизми за безбедно враќање дома на заробените украински цивили и депортираните деца.“

МНРНТ

Во говорот пред присутните тој ja нагласи неопходноста од почитување на принципите на безбедност, соработка и, пред сè, човечко достоинство, потенцирајќи ја итната потреба да се обезбедат безбедни, достоинствени и одржливи патишта за враќање на Украинците раселени од конфликтот, притоа нагласувајќи дека одговорот не смее да биде рамнодушен или со двоумење, туку јасна посветеност на акција.

Муцунски додаде и дека со заедничка работа и посветеност може да се изградат механизми кои не само што ќе го олеснат безбедното враќање, туку и ќе ги потврдат нашите заеднички вредности на сочувство, солидарност и издржливост.

МНРНТ

„Нашето учество и посветеност денеска ќе испратат силна порака за тоа како можеме да работиме заедно не само за заштита на човековите права, туку и за да се осигураме дека секое патување кон безбедност и достоинство е почитувано и олеснето“, додаде Муцунски.

На маргините на конференцијата, министерот Муцунски оствари билатерални средби сo косовската министерка за надворешни работи и дијаспора, Доника Гервала, српската министерка за евроинтеграции, Тања Мишевиќ, и потпретседателот на Европскиот парламент, Николае Штефанута. Фокусот на средбите беше ставен на актуелните меѓународни прашања, процесот на евроинтеграција и регионалните теми, вклучително и надворешно-политичките приоритети и состојбите во непосредното опкружување.

Најнови вести од Македонија

To top