Култура ДЛУП

Годишна изложба на Друштвото на ликовните уметници на Прилеп

Изложбата е во рамките на одбележувањето на 3 Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп.

Годишна изложба на Друштвото на ликовните уметници на Прилеп

Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп утревечер во 18.30 часот ќе биде отворена изложба на дела од уметници, членови на Друштвото на ликовните уметници на Прилеп. На годишната изложба со свои дела ќе се претстават 20 уметници, членови на ДЛУП.

– Авторите ќе претстават дела изработени во најразлични техники, материјали и форми. Публиката ќе има можност да види слики, скулптури, графики, односно творби создадени во текот на годинава – вели Методи Исков, претседател на ДЛУП.

Изложбата е во рамките на одбележувањето на 3 Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп.

To top