Регион Републичко сеизмолошко здружение

Серија земјотреси во Србија, почувствувани и во Македонија

Според јачината, не се забележани поголеми штети, а земјотресите биле почувствувани и во северните краишта на Македонија.

Серија земјотреси во Србија, почувствувани и во Македонија

Неколку земјотреси се забележани во текот на ноќта на територијата на Србија, на локации околу два града – Врање и Лесковац, извести Републичкото сеизмолошко здружение.

Првиот со јачина од 1,7 степени според Рихтеровата скала се случил околу 20 часот, а епицентарот бил во близина на градот Горња Јајна кај Лесковац.

Недолго потоа, околу десет до два, земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала го погоди Врање.

Според податоците, следниот бил со јачина од 1,9 степени според Рихтеровата скала, исто така кај Врање.

Според јачината, не се забележани поголеми штети, а земјотресите биле почувствувани и во северните краишта на Македонија.

To top