Бразилскиот фудбалер се врати на теренот за својот Ал-Хилал по едногодишно отсуство поради тешка повреда на коленото.
Бразилецот ја имаше несреќата да заработи повреда само неколку месеци откако му се приклучи на саудискиот клуб од Пари Сен Жермен.
Нејмар потоа потпиша двегодишен договор, без навестување во моментот дека ќе биде обновен на крајот на сезоната, ако не и спротивното.
Фудбалерот со своите постапки дополнително ги зајакнува шпекулациите дека многу наскоро ќе замине од Саудиска Арабија во САД.
Ова е сонот на Нејмар – да ја заврши кариерата во МЛС. Многу стручњаци тврдат дека Бразилецот е пред трансфер во Интер Мајами, каде повторно ќе се соедини со својот поранешен соиграч Лионел Меси.
Гласините дополнително се подгреаа откако се појави дека Нејмар купил имот од 26 милиони долари на плажа во Мајами, дом на голем број спортски ѕвезди.
Сопственикот на Интер Мајами, Дејвид Бекам никогаш не ги криел своите намери да привлече големи фудбалски имиња, а голема е веројатноста дека следниот ќе биде Нејмар