Ракомет

Гиљермо Милано нов тренер на РК Вардар

Гиљермо Милано нов тренер на РК Вардар

Актуелниот селектор на Аргентина, Гиљермо Милано ќе седне на клупата на најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 и најмалку до крајот на актуелната сезона ќе ги предводи „црвено-црните“.

Како што вечерва соопшти двократниот европски првак, „постигнат е договор за соработка до крајот на сезонава, со можност истиот да биде продолжен. На почетокот на следниот месец Милано ќе пристигне во Скопје и ќе ја преземе екипата на Вардар“.

Милано доаѓа на клупата на Вардар 1961 откако од 2021 година е аргентински селектор.

Со репрезентацијата на Аргентина настапи на последните Олимписки игри во Париз, на Светското првенство 2023 година во Полска и Шведска, а го освои златниот медал на Панамериканските игри 2024, совладувајќи го во финалето Бразил.

Во изјава за клупскиот сајт, Милано наведе дека е возбуден од можноста да боде дел од новото поглавје во историјата на Вардар 1961.

Огромна чест е да добиеш повик од еден од најпрестижните тимови во Европа, и ја имав привилегијата да го следам клубот долги години во нивните настапи во Лигата на шампионите. Од Македонија ја покорија Европа со својот нескршлив карактер и борбеност инспирирајќи ги ракометните фанови насекаде. Како што го носам моето 20-годишно искуство со аргентинските репрезентации, исто така се обврзувам да и пристапам на оваа улога препознавајќи го наследството на големите тренери кои беа пред мене. Целосно сум посветен да дадам сè за Вардар, да оставам сè уште на теренот и да придонесам за континуиран успех на тимот“, изјави Милано.

To top