Македонија „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ ги поставува основите за нова економска реалност

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ ги поставува основите за нова економска реалност

Темата за потрошувачката кошничка стана особено актуелна во последниот период. На ова се осврна и пратеничката Дафина Стојаноска, во вечерашното гостување на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, и изрази уверување дека мерките што ги презела Владата предводена од Христијан Мицкоски веќе даваат резултати.

Стојаноска се осврна и на периодот кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција и го критикуваше претходниот владин состав.

„Кога ВМРО-ДПМНЕ како опозиција ја критикувавме тогашната власт дека вештачки ги зголемуваа платите, кога ги предупредувавме на она покачување на минималната плата дека Македонија ќе ја направат држава на луѓе со минимални плати, тогаш тие одеа само со популистички мерки, сметајќи дека можеби на тој начин ќе го задржат столчето на власт, но видовме како катастрофално завршија. Затоа што од едната страна вештачки ги покачуваа платите на вработените, а од друга страна нормално дека инфлацијата растеше“, додаде Стојаноска.

Стојаноска ја истакна и независноста на синдикалните организации во Република Македонија.

„Потрошувачката кошничка ја креираат Сојузот на синдикати на Македонија, не е тоа партиски извештај што ВМРО-ДПМНЕ го направила“, посочи Стојаноска.

Таа сугерираше и на успешните мерки во контекст на економската политика, но и потребата за континуирано следење на истата. Стојаноска укажа и на важноста на дијалогот и соработката помеѓу различните актери.

„Во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ од неколку месеци веќе и двоцифрената инфлација падна на едноцифрена бројка. Одиме разумно, одиме пресметливо со сериозни анализи и средби со сите чинители кои се фактор во ова покачување“, рече Стојаноска.

Стојаноска потенцираше дека сегашната Влада работи со јасна стратегија и планира да продолжи со активностите за подобрување на економската ситуација.

„Се што е во добровид на граѓаните на Македонија ќе се преземе со широка дебата со сериозни луѓе“, кажа Стојаноска.

Изјавите на Стојаноска рефлектираат позитивен став кон иднината и подготвеноста за конструктивен ангажман во подобрување на економските услови во Македонија.

„Економијата во државата ќе застане на стабилни нозе и повеќе нема да се зборува за тоа кој колку крадел, кој колку тендери наместил, кој каков процент зел, туку исклучиво посветено само за нашите граѓани“, заклучи Стојаноска.

Најнови вести од Македонија

To top