Македонија МДТ

Андоновски: Секој граѓанин заслужува да има увид во тоа како се трошат јавните средства

Нашата визија е јасна: модерна Македонија каде секоја одлука се гледа со еден клик и се бориме против корупцијата, вели Андоновски.

Андоновски: Секој граѓанин заслужува да има увид во тоа како се трошат јавните средства

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на денешниот дигитален хакатон со млади во Собранието, истакна дека е време е за вистинска транспарентност и оти секој граѓанин заслужува да има увид во тоа како се трошат јавните средства.

– Отворените податоци и дигиталната транспарентност не се само ветувања, тие се нашата алатка против корупцијата и основа за доверба во институциите. Порталот data.gov.mk отвора нови можности, но не смееме да застанеме тука. Нашата цел е да отвориме уште повеќе податоци, бидејќи секој граѓанин заслужува увид во тоа како се трошат јавните средства, нагласи министерот, потенцирајќи дека транспарентноста мора да стане правило, не исклучок.

-Нашата визија е јасна: модерна Македонија каде секоја одлука се гледа со еден клик и се бориме против корупцијата, вели Андоновски.

Најнови вести од Македонија

To top