Фудбал фудбал

Гвардиола за „Златната топка“: Знаеме кој ја носи одлуката

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, беше воодушевен што наградата „Франс фудбал“ за најдобар играч на светот во 2024 година му припадна на неговиот ученик Родри.

Гвардиола за „Златната топка“: Знаеме кој ја носи одлуката

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, беше воодушевен што наградата „Франс фудбал“ за најдобар играч на светот во 2024 година му припадна на неговиот ученик Родри.

Шпанскиот претставник со репрезентацијата ја освои титулата европски првак, додека со Граѓаните го одбрани трофејот во Премиер лигата. Сосема доволно за жирито составено од новинари да ја додели „Златната топка“ на 28-годишниот играч од средниот ред кој е жител на Манчестер од 2019 година.

„Што можам да кажам? Најпрво, секако, сакам да му честитам нему, на неговото семејство и пријателите. Тоа е неверојатна вест за него и, се разбира, за сите нас, за целиот Манчестер Сити. За нашите фанови, ние сме многу горди на него. Мислам дека ова е прв пат… Во минатото никогаш не можевме да замислиме дека наш играч ќе ја освои таа престижна награда, воодушевени сме што сме дел од неа, да ја споделиме радоста со него.

И да, се надевам дека ќе му даде енергија добро да се опорави за следната сезона и повторно да биде со нас“, изјави Гвардиола и ја прокоментира одлуката на Реал Мадрид да не испрати свои претставници на церемонијата во Париз.

„Немам коментар. Ако сакаат да одат, во ред е. Тие не сакаат да одат, и тоа е во ред. Сакаат да честитаат, во ред. Сакаат да прават како што им одговара, и тоа е во ред. Не сме тука да судиме за одлуките на другите клубови“.

Речиси до последен момент се шпекулираше дека престижната награда ќе ја добие напаѓачот на Реал, Винисиус Жуниор, но Бразилецот заврши на втората позиција.

„Дали Винисиус требаше да победи? Можеби, но сè се случи како што се случи. Одлуките ги носат новинарите, а не елитната група на луѓе. „Гласањето се одржа низ целиот свет, не само во една земја“, изјави Гвардиола.

To top