Ракомет ракомет

Алкалоид против австриски тим ќе брка осминафинале во ЕХФ Купот!

Екипата на Алкалоид успешно ја мина првата пречка во ЕХФ Купот и по двете победи над Драгунас Клаипеда се пласираше во третото коло од ова натпреварување. Младата чета на Кирил Лазаров одигра два неверојатни натпревари против литванскиот тим, а сите се надеваме дека така ќе биде и во следната фаза, поточно на двомечот со Вест Виена од Австрија.

Денес се одржа ждрепката за третото коло во ЕХФ Купот, а Алкалоид во истата влезе како неносител и затоа силите ќе ги одмери со тимот од Австрија, Вест Виена.

Тимот на Раховице на чија клупа седи македонскиот стратег Горан Андоновски за следно коло ќе се бори против Минаур Баја Маре од Романија.

Првите дуели од третото коло ќе се играат на 23/24 ноември, додека реваншите се закажани за следниот викенд, на 30 ноември/1 декември. Победниците од третото коло ќе се пласираат во осминафиналето.

Во ЕХФ Купот настапија уште две македонски екипи, кои за жал не успеаја да ја минат првата пречка. Тиквеш беше елиминиран во првото, додека Охрид во второто коло.

To top