На 28.10.2024 во 09.45 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Струмица-с.Баница-с.Вељуса, поточно во село Баница, струмичко се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Љ.Р.(72) од село Вељуса, струмичко и трактор „имт 539“ без регистарски ознаки, управуван од Д.С.(43) од село Баница, струмичко.
-Од здобиените повреди во несреќата починал возачот на тракторот, а смртта ја констатирал лекар во Медицински центар Струмица, а со телесни повреди се здобил сопатникот на тракторот К.С.(21) од село Баница, струмичко, информира МВР.
Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на Полициската станица Струмица.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.