Англиските медиуми објавуваат вести дека веќе е познат наследникот на Ерик Тен Хаг во Манчестер Јунајтед.
Имено португалскиот стратег и тренер на Спортинг Лисабот Рубен Аморим, ќе ја превземе клупата на „црвените ѓаволи“. Јунајтед е подготвен да плати 10 милиони евра за предвремено раскинување на договорот меѓу Аморим и Спортинг.
Наводно португалецот е заинтересиран да го превземе англискиот великан и доколку Манчестер запне, овој трансфер ќе се случи.