Родриго Ернандес или познат како Родри стана првиот Шпанец после 64 години која ја доби „Златната топка“ за фудбалер на годината, а во говорот во Париз, тој истакна дека оваа не го смета за своја, туку за победа на шпанскиот фудбал.
„Неверојатна ноќ за мене денес, би сакал да зборувам на шпански, јазикот на мојата земја. Им се заблагодарувам на многу луѓе, пред се Франс Фудбал и УЕФА за наградата, на сите што гласаа за мене, кои ми веруваа, знам дека денес е многу посебен ден не само за мене, туку и за моето семејство и за мојата земја, мојата девојка денес славиме осум години заедно, без тебе овој пат немаше да биде ист. Сакам да се сетам на Карвахал кој ја доживеа истата повреда како мене и заслужува да биде тука исто како мене. И оној кој ќе биде тука наскоро, Ламин Јамал. Денеска не е победа за мене, туку за шпанскиот фудбал. Толку многу играчи кои не ја освоиле, а ја заслужиле, како Иниеста, Чави, Икер, Бускетс и многумина други, ова е за шпанскиот фудбал и за сите играчи од средниот ред. Јас сум нормално момче со вредности, кое учи, кое се труди да ги прави работите добро и не обрнува внимание на стереотипите надвор од фудбалот“, рече Родри.