Фудбал

Двајца фудбалери ја поделија наградата „Герд Милер“

Двајца фудбалери ја поделија наградата „Герд Милер“

За првпат во историјата, наградата „Герд Милер“ за најдобар стрелец во изминатата фудбалска година замина кај двајца фудбалери. На церемонијата во Париз ова признание беше доделено на две големи ѕвезди на европскиот фудбал – Хари Кејн и Килијан Мбапе.

Капитенот на англиската репрезентација имаше феноменална сезона и постигна вкупно 52 голови во сите конкуренции, додека Мбапе имаше ист учинок во последната сезона како играч на ПСЖ.

Интересно е што во еден момент Французинот имаше дури девет гола повеќе од Кејн, но Англичанецот успеа да го стигне во финишот од сезоната.

To top