Хроника СВР Скопје

Се судрија автомобил и мотоцикл, тешко повреден млад скопјанец

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Се судрија автомобил и мотоцикл, тешко повреден млад скопјанец

На 26.10.2024 во 16:00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Јужноморавски бригади“ и ул.„Среќко Пужалка“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.И.(20) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од М.М.(24) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To top