Израелската армија соопшти дека нејзините сили убиле висок командант на палестинското движење „Хамас“ на Западниот Брег, јави ДПА.
Во заедничко соопштение со контраразузнавачката служба Шин Бет и израелската полиција, армијата наведува дека го нападнала Џамил Одех во градот Тулкарем на северозападниот дел на Западниот Брег.
И палестинското Министерство за здравство во Рамала ја потврди смртта на 29-годишниот маж.
Според Хамас и израелските власти, Одех бил теренски командант на бригадите Изедин ал-Касам, воено крило на исламистичката организација, во Тулкарем.
Израелската војска соопшти дека тој подготвувал напади кои требало да бидат извршени. (МИА)