Новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање почна во австрискиот Зелден, а на стартот победа на Италијанката Федерика Брињоне.
Брињоне беше трета по првото возење, а до победата дојде со вкупно време од 2:16.05 минути. Тоа е нејзина четврта велеслаломска, а вкупно 27. победа во Светскиот куп.
По првото возење доминираше Американката Микаела Шифрин. Се чинеше дека ветеранката ќе стигне до 98. победа во СК, но во второто возење таа тотално потфрли бидејќи имаше дури 27 време и поради тоа натпреварувањето го заврши на петтата позиција.
Второто место го зазема Алис Робинсон од Нов Зеланд, а третопласирана беше Јулија Шеиб од Австрија која со импресивно второ возење напредуваше дури 11 позиции. Четвртото место го зазема Кејти Хенсиен од САД.