Фудбал

Јамал: Напред Барсeлона, ајде сега да ја освоиме титулата

Јамал: Напред Барсeлона, ајде сега да ја освоиме титулата

Во изминативе неколку месеци фудбалерот на Барселона Ламин Јамал постави неколку рекордни постигнувања, а сега се запиша и во листата на стрелци на мечот од Ел Калсико.

Со погодокот на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал, Јамал стана најмладиот стрелец во историјата на Ел Класико.

Тинејџерот на Барселона погоди со само 17 години и 106 денови.По победата со 4:0 во Мадрид, Јамал имаше кратка порака.

„Ќе кажам само, Напред Барса. Ајде сега да ја освоиме титулата во првенството“, задоволно искоментира најмладиот стрелец во историјата на Ел Класико.

To top