Република

Берово доби собирен центар за електрична и електронска отпадна опрема

Граѓаните ќе имаат можност, наместо да го фрлаат електронскиот отпад – неисправните електрични и електронски уреди и апарати, на несоодветни места, да го одлагаат соодветно и да придонесат кон здрава и чиста животна средина, информираа од Општината.

Берово доби собирен центар за електрична и електронска отпадна опрема

Во Берово поставен е нов собирен центар за електрична и електронска отпадна опрема. Активноста е реализирана во соработка со Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“ од Берово со поддршка од „Елколект“ Доо Скопје.

-Собирниот центар е поголем контејнерски објект, кој е поставен на влезот во Берово, од десна страна, веднаш до четвртата ламела од Домот за стари лица во Берово. Отсега натаму, граѓаните ќе имаат можност, наместо да го фрлаат електронскиот отпад – неисправните електрични и електронски уреди и апарати, на несоодветни места, да го одлагаат соодветно и да придонесат кон здрава и чиста животна средина, информираа од Општината.

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски најавува продолжување на активностите за унапредување на системот за управување со отпад.

To top